Еден турист загина, а друг е повреден од напад на ајкула во Египет

- Advertisement -

Еден турист загина, а друг е повреден во напад на ајкула во египетското одморалиште Марса Алам, соопшти денеска египетското Министерство за заштита на животната средина.

Идентитетот на нападнатите туристи сѐ уште не е објавен.

Марса Алам се смета за едно од поновите одморалишта во Египет, а се наоѓа на западниот брег на Црвеното Море.

Сподели ја оваа статија