Едно лице загина на патот Струмица- Валандово

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен.

Едно лице, го загубило животот.

„На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР за „Скопје1“.

Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

АМСМ информира дека од 10 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Валандово, на излез од селото Костурино, е нормализиран.

Сподели ја оваа статија