Заврши со писмата: Ахмети сега преку видео му праќа порака на Мицкоски

Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку монтирано видео објавено на својот профил на Фејсбук му одговори на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако тој му порача дека не вреди да го коментира писмото што му го испратил.

„Краток прилог на едно однапред документирано предупредување на владини одлуки и директни и јавни политички инструкции до Уставниот суд“, напиша Ахмети под видеото.

На видеото се прикажани повеќе изјави на Мицкоски за Законот за јазиците, за укинувањето на балансерот, како и за укинувањето на Бадентерот.

Сподели ја оваа статија