Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 синоќа рече дека власта трпи големи „притисоци од олигарсите“. Како причина за ова, неговото објаснување е дека институциите го зголемиле оданочувањето кај бизнисот.
Тој зборуваше за намалувањето на сивата економија, каде што стави до знаење дека во минатото некои производи се плаќале со многу низок данок, додека при царинење сега морале да се плаќаат со повисок данок.
„Имаме големи притисоци. Имаме голем притисок од таканаречените олигарси. Она што вчера не се видело на царина, денеска се плаќа. Она што требало да се плати со повисока даночна вредност, се плаќало со помал данок. Тоа се гледа од резултатите од работата на институциите“, рече Јанкуловски.