За еден ден заработила 9,2 милиони евра, ги продала акциите во „Македонијатурист“

Поранешната директорка на „Македонијатурист“ Соња Бибановска заработи 9,2 милиони евра за само еден ден, дознава Фактор.

Бибановска, поранешна директорка и член на Управниот одбор на „Македонијатурист“, сега пензионерка, веќе не е ниту акционер во „Македонијатурист“.

Таа ги продаде сите нејзини акции со право на глас (вкупно 50.953 акции) по цена од 11.070 денари за акција и во еден ден инкасира 9,2 милиони евра од продажбата, пишува порталот.

Сподели ја оваа статија