Зеленски: Разговорот на Шолц со Путин ја отвора Пандорината кутија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорот меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот претседател Владимир Путин „ја отвора Пандорината кутија“ бидејќи ги поткопува напорите да се изолира рускиот лидер.

„Сега ќе има други разговори, други повици. Само многу зборови. И токму тоа го сака Путин долго време: за него е исклучително важно да ја ослаби својата изолација“, нагласи Зеленски во вечерното обраќање.

Како што пренесуваат германските медиуми, Зеленски уште пред средбата со Путин го предупредил германскиот канцелар дека оваа средба може да му помогне на рускиот претседател да излезе од меѓународната изолација и да продолжи со воените операции против Украина.


„Путин не сака мир, тој само сака пауза“, рече претходно Зеленски.

Шолц имал телефонски разговор со рускиот претседател за прв пат по две години, соопшти во петокот кабинетот на германската канцеларка.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи изјави дека разговорот со „рускиот диктатор сам по себе не носи никаква додадена вредност во однос на постигнување праведен мир“.

Сподели ја оваа статија