Жител на Калифорнија ја освоил главната добивка на американската лотарија „Мега милионс“, вредна 1,22 милијарди долари (милијарда и 220 милиони). Тоа е петтиот по големина џекпот во историјата на игрите на среќа во САД.
Добитното ливче со шест броеви е продадено во округот Шаста, во северна Калифорнија, јавува „НПР“.
Добитните броеви извлечени синоќа се: 3, 7, 37, 49, 55 и златната мега топка со бројот 6, а според организаторот на лотаријата, шансите за освојување на џекпотот се проценуваат на еден спрема триста милиони.
Лотаријата „Мега милионс“ се организира во 45 американски држави, плус округот Вашингтон и Американските Девствени Острови.