Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош

Жена од Скопје, најевројатно од Јурумлери е исчезната. На Фејсбук се споделува статус на лицето Аце Јоциќ кој пред кратко време објавил дека е исчезната неговата сестра. 

Во објавата замолува за било какви информации и го споделува неговиот телефонски број. 

– Исчезната е сестра ми, ве молам за секоја информација да ме контактирате на 078/431-680. Трагот и се губи на раскрницата во Јурумлери – напиша тој на својот Фејсбук профил, каде сподели и фотографија од неговата сестра. 

Неговата објава предизвика бројни коментари, но и поттикна прашања од загрижени граѓани, кои бараа повеќе детали, како гардероба, дали се трага преку МВР и преку мобилниот број на жената… 

Воедно неговиот пост веќе се споделува по повеќе групи на Фејсбук, од загрижени граѓани кои сакаат да помогнат во нејзино побрзо лоцирање.

Засега во последниот билтен на МВР, не е пријавено исчезнувањето на жената, повеќе детали во текот на денот. 

Сподели ја оваа статија