СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и Џ.Б.(54) од Кичево, за „несовесно работење во службата“.
А.А. во својство на в.д. директор на Управа за водење на културно наследство – Скопје, со пропуштање на должен надзор, односно без да изврши контрола кај локалитетот „Плаошник“ во Охрид, дали избраната агенција за обезбедување имоти и лица со седиште во Кичево, се придржува на потпишаниот договор и дали врши физичко и техничко обезбедување на локалитетот како што било предвидено, свесно и овозможил да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 4 926 250 денари. Второпријавениот, вработен како одговорно лице во агенцијата, по склучување на договорот со управата не постапил по истиот и целосно не ги исполнил предвидените технички услови и ангажирал помал број на вработени лица. Исто така, не се придржувал на законот за приватно обезбедување, каде јасно е предвидено дека секој вработен треба да поседува лиценца и легитимација, соопшти МВР.