Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

Го слушав Венко Филипче и излагањата на опозицијата деновиве и сите се држат дека буџетот бил мегаломански, дека бил нереално планиран и недомаќински. Една структура која направи хаос во државата, партали ја направи државата и ја испокраде дојде ред да зборува за домаќинлук, мегаломанство и за планирање. Мегаломански 30 милијарди евра потрошија, а не направија ниеден проект. Дали некој се сеќава дека имаат нешто направено во оваа држава за седум години? Нема такво нешто, а 30 милијарди евра отидоа во неповрат“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната расправа на надлежната собраниска комисија на која се расправаше за буџетот за 2025 година.

Ковачки објасни што се е предвидено во предлог буџетот.

Во предлог буџетот предвидено е зголемување на пензиите за 2,500 денари дополнително, значи да се реализира она предизборно ветување од 5,000 денари во првата година од мандатот а ќе го реализираме за 9 месеци, е за тоа нема да гласа Венко Филипче и неговата политичка номенклатура. Нема да гласаат за зголемување на платите за 5%, а до крај на мандат 46% и ќе се испочитува колективниот договор. Зборувате за покачување на платите во полицијата, па 10% кажуваме дека ќе ги зголемиме, предвидени се пари во буџетот“, посочи Ковачки.

Ковачки посочи дека со негласање за предлог буџетот СДСМ се и против младите.

СДСМ под раководство на Венко Филипче кои нема да гласаат за буџетот ќе бидат и против изградбата на студентските домови кои веќе се отпочнати значи и против младите се. Нема да гласаат ниту за ваучерите од 250 евра кои треба да ги добие секој студент“, дециден е Ковачки.

Сподели ја оваа статија