„Комити“ со брутална порака до новиот тренер: Седло – Мрш од Вардар!

Навивачката група комити испрати брутално соопштение до старо – новиот предвоник на Вардар, Гоце Седлоски. Тие во соопштението наведуваат дека Седловски не смее и нема да биде тренер на Вардар. И притоа посочуваат дека тој бил избркан од Вардар поради сомнтелно работење.

„Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!

Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!

Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки“ стои во соопштението на навивачката група „Комити“.

Сподели ја оваа статија