Цариници на Службата за мобилни единици Дубровник во соработка со полициски службеници пред една недела спречиле обид за нелегален увоз во Хрватска на 63.665 таблети.
„На 10 октомври, при вршење на засилени мерки за надзор на граничниот премин Карасовиќи, на влез во царинското подрачје на ЕУ, царинските службеници на Подрачната единица – Мобилна единица служба Дубровник извршија преглед на автомобил БМВ со косовски регистарски ознаки во кој возачот и сопатник биле двајца државјани на Косово.
При преглед на предметното возило, во кое е користена опремата од програмата HERCULE III, во подвозјето на возилото под заштитната пластика е забележана црна материја која не припаѓа на деловите на возилото.
По понатамошниот преглед е откриено дека помеѓу шасијата на возилото и моторот имало црна ПВЦ кеса полна со поголема количина таблети кои содржат активни супстанци кои се на списокот на дроги, психотропни супстанци и растенија од кои може да се набави дрога и супстанции со кои може да се направи дрога“, соопшти Царинската управа.
„По наредба на жупанискиот суд, претресот на возилото е извршен во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција на СВР Дубровник-Неретва.
При претрес на возилото, пронајдени се вкупно 63.665 таблети, скриени во пределот на моторниот простор, во шуплините во внатрешноста на предниот и задниот браник, браниците и во подвозјето на возилото, кое било покриено со заштитна пластична обвивка.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и тргување со дрога согласно чл. 190 ул. 1. и ул. 2 од Кривичниот законик, понатамошно постапување на наведените лица, возилото и пронајдените таблети се преземени од страна на полициски службеници“, соопштија од Царинската управа, пренесе Индекс.