Кошаркар за малку ќе ја превртеше Ен Хатавеј од столчето, снимката е хит (ВИДЕО)

Актерката Ен Хатавеј вчера вечер го следеше НБА натпреварот помеѓу Њујорк Никс и Чикаго Булс во првите редови во Медисон Сквер Гарден.

Во еден момент, О.Г. Ануноби од Никс за малку ќе ја собореше актерката од столот кога се упати кон неа за да го блокира додавањето на Булс.

Средбата меѓу кошаркарот и актерката била толку блиска што за малку ќе ја соборел од столот, што за среќа не се случило и Хатавеј само продолжила да се смее додека камерата ја снимала, а моментот брзо станал вирален на социјалните мрежи.

Инаку, виралниот момент се случи кога Никс заостанаа од Булс 22:18 и на крајот загубија со 124:123. И покрај поразот од Никс, фановите беа насмеани поради кошаркарот и актерката, инаку позната по улогите во „Ѓаволот носи Прада“, „Меѓуѕвезденото“ и „Клетници“.

Сподели ја оваа статија