Крис Павловски: Еден ден го мразат Трамп, тој станува претседател и следниот ден му го бакнуваат задникот

- Advertisement -

Сопственикот на најбрзо растечката видео мрежа Рамбл Крис Павловски кој има македонско потекло ги коментира американските бизнисмени кои пред победата на изборите го навредуваа и критикуваа претседателот Трамп а сега му се умилкуваат.

Тој во коментарот ја користи американската фраза ,,бакнување на задникот” која означува умилкување (kiss ass).

,,Еден ден го мразат Трамп.
Следниот ден Трамп станува претседател.
Следниот ден му го бакнуваат задникот за да станат побогати.

Ова лажно срање станува толку очигледно 🤮”, напиша Павловски споделувајќи статус на еден од првите луѓе во бизнисот до Вештачка интелигенција Сем Алтман кој пред изборите остро го напаѓаше Трамп.

,, Следењето на Трамп повнимателно неодамна навистина ја промени мојата перспектива за него (посакувам да направив повеќе од моето размислување и дефинитивно да паднав во стапицата на НПЦ).

Нема да се согласувам со него за сè, но мислам дека тој ќе биде неверојатен за земјата на многу начини”, напиша Алтман откако претходно за Трамп велеше дека работи на нов проект кој треба да го запре новиот и стар претседател на САД.

Алтман се смета за една од водечките фигури на бумот на вештачката интелигенција. Тој се откажа од Универзитетот Стенфорд по две години и го основа Loopt, мобилна услуга за социјално вмрежување, собирајќи повеќе од 30 милиони долари во ризичен капитал. Во 2011 година, Алтман му се придружи на Y Combinator, стартап акцелератор, и беше негов претседател од 2014 до 2019 година.

Сподели ја оваа статија