Легија во затвор прави опрема за погреби

Милорад Улемек Легија (56), поранешен командант на Единицата за специјални операции  кој беше осуден за убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, прави погребна опрема и се занимава со градинарство во затвор.

Милорад Улемек работи со некои други осуденици во  погребално претпријатие од Пожаревац, а за таа работа е платен.

Легија активно се занимава со монтажа на венци за тоа погребално претпријатие, со кое раководството на затворот „Забела“ склучило договор. Оваа работа му е лесна бидејќи се занимава и со сликарство. За време на престојот зад решетки завршил и обука за примена на основни уметнички техники, а може секојдневно да присуствува и на ликовната секција. Покрај семејството, на гости кај него доаѓа и професорот по сликарство. Поранешниот легионер станал и градинар, па така заедно со другите затвореници од „Алкатраз“ во просторот на строго чуваниот затвор средува трева, цвеќиња и садници – открива „Информер“ .

Сподели ја оваа статија