Македонија претпоследна на Детска Евровизија, победник е Грузија!

Вечерва во Мадрид се одржа 22-то издание на музичката манифестација Детска Евровизија. Учествуваа 17 земји, а Македонија заврши на претпоследното, односно на 16-то место, со 54 поени. Првото место го освои Грузија со нивниот претставник Андриа.

Наши претставници беа битолчаните Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13), со песната ,,Маратон”. Тие беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис МРТ.

Македонија учествува на Детската Евровизија од самиот почеток. Најдобар пласман на земјата е освоено петто место, а најлош – последно место.
Околу тоа колку средства од буџетот беа одвоени за учеството на настанот, од јавниот сервис се уште нема официјална информација

Сподели ја оваа статија