Меџити до Ахмети: Со веќе позната реторика подготви се уште долги години во опозиција

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се подготви за уште долго време во опозиција, откако Ахмети претходно повика на парламентарни, заедно со локалните избори следната година.

„Наместо да се претставува како некој голем фактор на политичката сцена, ДУИ би било подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти своите редови од организираниот криминал и корупцијата“,вели Меџити.

Според него, Ахмети треба најпрво да одговори на неколку прашања: Kаква понуда содржат СМС пораките кои му ги испратиле на Христијан Мицкоски во времето кога се преговарало за новата влада? Kаква понуда била ставена на маса „во соба 161 во Парламентот“ и дали е точно дека само две министерства и претседател на Парламентот била понудата на ДУИ за да бидат повторно во Владата?

„Ова се прашањата на кои јавноста очекува одговори од ДУИ. Поттикнувачката реторика и фолклорот се сценарио веќе познато и прочитано од сите. Сѐ што донела таа реторика е зајакнување на екстремизмот и етно-националистичкиот сентимент изразен преку гласот. Затоа сте смешни и ништо повеќе“,стои во реакцијата на Изет Меџити.

Сподели ја оваа статија