Ме среќаваат минувачи на улица и ми велат повторно ќе ве гласаме, но зошто да трошиме пари, дајте да испорачаме тоа што е сработено, порача Мицкоски

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори и тоа е јасно. Тоа се говори и на сите анкети, дури има и минувачи кои на улица ме среќаваат и самите кажуваат дека „повторно вас ќе ве гласаме“. Зошто да трошиме пари, дајте да испорачаме тоа што е сработено – вели премиерот Христијан Мицкоски повторно говорејќи околу евентуални предвремени парламентарни избори во 2025 година, заедно со локалните.

Премиерот разбира дека „некои од опозициските партии мислат дека на тој начин ќе привлечат поголемо внимание“. Сепак нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е секогаш е подготвена за евентуални избори.

Треба да го испорачаме тоа што на луѓето им е потребно. Имаме локални избори следната година и граѓаните тогаш ќе кажат дали се потребни и парламентарни избори. Ако се потребни, можеме веднаш потоа да организираме. Ако тие речат дека црвен картон има Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ако ги изгласаат градоначалниците на ДУИ и СДСМ, тогаш јасна е пораката, нема воопшто да ја игнорираме. Доколку ние победиме, очекуваме да се завртат кон самите себе, да се реформираат со нови луѓе и нови идеи – кажа Мицкоски по завршување на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“ во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО).

Сподели ја оваа статија