Минималната плата в година се зголемува на 24.400 денари?

Според актуелните движења на параметрите со кои се формира минималната плата, таа следниот март во 2025 година се очекува да скокне од 22.500 на 24.400 денари. Според проценките таа ќе порасне за нешто помалку од две илјади денари. Синдикатите и опозициските партии бараат минималната плата да биде 24.500 денари, а предлогот е влезен во собраниска процедура и за него ќе треба да се гласа.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска откри дека во понеделник ќе има Економско – социјален совет, односно на маса ќе седне Владата, Синдикатот и Организацијата на работодавачи да преговараат за минималната плата. Како што познато, Созјузот на синдикати притска таа да биде 450 евра (околу 27.700 денари).

Според министерката, во Предлог-буџетот за 2025 година има 2 милијарди денари (32,5 милиони евра) ставени на посебна сметка, како резерва кои ќе послужат за зголемувањето на минималната плата, зависно од преговорите.

– Ако има само редовно усогласување на минималната плата, согласно сегашната законска регулатива, таа според сегашните проценки, ќе биде околу 24.400 денари, информираа од Министерството за финанансии.

Усогласувањето треба да се случи во март. Сега, минималната плата е 22.567 денари.

Согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50% од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Сподели ја оваа статија