Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме

Од кога јас сум министер, ситуацијата која ја затекнав во министерството беше неисплаќање по колективен договор од претходното раководство, а истото тоа можеле да го направат, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во интервју за ТВ 21.

-Обезбедени се средства во буџетот и се исплаќаат испратнини на сите професионални војници со навршување на 45 години старост и тоа се две просечни плати во Македонија, за секоја година поминат стаж во армијата. Овие суми се движат од 20 до 30 илјади евра. Исто така обезбедивме средства за исплата на опремнини за пензионирање во висина од 15 нето плати на сите вработени во министерството и армијата, истакна Мисајловски.

Тој потенцираше дека со платата во месец август исплатени се обврските од новиот колективен договор, како што е додаток плата на посебен степен на образование кое претходно не било исплаќано, додаток на 10 проценти на плата за учество во комисии, додаток од 10 проценти на плата за овластување, зголем обем на работа од 15-30 проценти со уредба на влада.

Мисајловски најави дека потпишал документ со кој ќе бидат наградени над 300 припадници на армијата кои биле вклучени во гаснењето на пожарите.

Сподели ја оваа статија