Мицкоски: До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци

Состојбата со земјоделието е катастрофална од она што го наследивме. Консолидирање претстоеше во овој период и можам да кажам дека во периодот од 25 и 26 јули некаде до 17-18 ноември повеќе од милијарда и триста милиони денари се исплатени за повеќе од 20 000 земјоделци субвенции, изјави денеска во струмичко Ново Село премиерот Христијан Мицкоски.

Ова, според него, досега било невозможно. Мицкоски најави дека ова консолидирање продолжува и следната година.

Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие кои се занимаваат со лозарството. Исто така поддршка за одгледувачите на сливи. Имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пчениц, со јаболкото сега засега ситуација е одлична, изјави Мицкоски кој беше на Костенијада 2024.

Сподели ја оваа статија