Мицкоски оствари средба со Зеленски: Изразив поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир

Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари средба со украинскиот претседател Зеленски.

-Остварив средба со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Изразив поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот Христијан Мицкоски денес е на самитот “Украина-Југоисточна Европа” во Дубровник, Република Хрватска.

Тој на својот Фејсбук профил објави фотографии од средбите кои ги остварил и напиша:

„Поддршка за Украина и напорите за постигнувањето на траен мир. Регионот обединет во заедничката цел“.

Самитот го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а излагање ќе има и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

На самитот се претставници од 12 држави од регионот, а во состав на македонската делегација, покрај премиерот Мицкоски, е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски

Сподели ја оваа статија