Млад инфлуенсер се кладел во милион долари за победа на Трамп и освоил куп пари (ФОТО)

Адин Рос (24), меѓународно популарен кик стример, се обложил на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Тој на своите социјални мрежи објави дека се обложил на еден милион долари (околу 933 илјади евра) на победата на Трамп на изборите, а коефициентот бил 1,66. Стример се обложил на 10 октомври. Ќе му бидат исплатени 1,6 милиони долари (околу 1,5 милиони евра).

Адин е поддржувач на Трамп. „Трамп 2024. Му ставив милион на газдата. Знам дека ќе ја обезбеди Америка. Единствениот претседателски кандидат кој ѝ одговара на оваа земја“, напиша тој и нагласи дека ќе подари 10 илјади долари (9300 евра) на десет луѓе кои ќе стават лајк или коментар на објавата.

Рос ја стекна светската слава во изминатата деценија со своите онлајн преноси на Twitch, пред да биде трајно забранет од платформата во 2023 година. Тој сега се префрли на Kick и е една од најгледаните ѕвезди на платформата.

Во август, тој го посети Трамп во Флорида и емитуваше сè во живо на Кик. На Трамп му подари Тесла и Ролекс.

Да потсетиме, Доналд Трамп по победата изјави: „Ние направивме историја. Ќе ја излечиме нашата земја. Јасно е дека постигнавме неверојатен политички успех. Ова ќе биде златно доба за Америка. Ќе ве направиме горди и среќни, сакам еден ден да погледнете наназад и да бидете горди што сте гласале за оваа група луѓе зад мене“.

Сподели ја оваа статија