На паркинг нашол 20 долари, а по само неколку минути имал за да си купи нов стан

Необична приказна доаѓа од Северна Каролина, каде столарот Џери Хикс нашол 20 долари на паркинг, а по неколку минути се збогатил.

Наместо да ги троши парите за храна или гориво, тој влегол во првата продавница и купил лотарија „Extreme Cash“. Што се случило потоа, ќе го памети цел живот.

Излезе дека Хикс го купил добитниот тикет и освоил милион долари!

„Барав друг вид лоз во продавницата, но немаа, па купив Extreme Cash“, откри тој за локалните медиуми.

Среќниот човек ја побарал наградата минатиот петок, и решил да ја наплати во готово. По одбивањето на даноците, му останале околу 429.000 долари (околу 398.000 евра).

Тој рече дека ќе ги искористи парите за да им помогне на своите деца, но и да се пензионира како столар по 56 години работа, пренесува CNN.

„Прво, ајде да одиме некаде добро да јадеме “, откри тој.

Сподели ја оваа статија