Николовски: Поголема контрола на Блаце, во радар брзите пошти

Царинската управа воспоставува засилена контрола на граничен премин Блаце се со цел спречување обиди за криумчарење на поштенски пратки. Ова беше истакнато на денешниот состанок на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши.

„Во два случаи спречени се обиди за шверц на поголеми пратки со брза пошта. Тргнавме во правец на целосно искоренување на ваквите обиди. Притоа ќе одиме со засилени контроли на граничниот премин“, истакна Николовски.

Воедно двете страни договорија унапредување на соработката. Царинската управа согласно своите надлежности делува во насока на олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот.

Сподели ја оваа статија