Ниту еден не ѝ се погоди: Арсовска го разреши и директорот на „Улици и Патишта“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го разреши директорот на јавното претпријатие „Улици и Патишта“, Ванчо Умлевски, објави порталот Скопје1. Причините за разрешувањето засега не се објавени.

Умлевски ја извршуваше функцијата само пет месеци. Оваа одлука е дел од низата смени што ги направи Арсовска за време на својот мандат, при што досега разреши над 30 директори на јавни претпријатија и тројца секретари кои самата ги назначи.

Сподели ја оваа статија