Нов шок потег: Родителите на монструмот Коста немаат намера да се појават на суд

Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето-убиец кое во мај минатата година изврши страшен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска не се појавија пред Вишиот суд во Белград, каде што беше закажано рочиште во постапката.

Марина Ивеља, застапничката на Кецмановиќ, најави дека утре ќе изнесат детална одбрана пред истиот суд, во кривичната постапка која е проширена со обвинувања за злоупотреба и запуштање на дете.

Немаат намера да се појават, но утре ќе дадат детална одбрана во кривичниот предмет, затоа предлагам судот да изврши увид во изнесените одбрани, изјави Ивеља и предложи судот да ја прекине граѓанската постапка до завршување на кривичниот предмет.

Следното рочиште е закажано за 3 февруари следната година.

Сподели ја оваа статија