Објавени најпопуларните имиња за момчиња во Европа, во Македонија најчесто име е Лука

Фејсбук-групата The Language Nerds неодамна објави мапа на Европа, на која се прикажани најпопуларните имиња за момчиња во секоја земја на Стариот континент.

Најчестото машко име во Македонија е Лука, а исто така и кај Хрватите. Во Србија најпопуларно име за момчиња во моментот е Реља.

Статистиката во регионот вели дека Никола е најпопуларното машко име во Црна Гора, Филип во Словенија, Ноел во Албанија и Давуд во Босна и Херцеговина.

На ниво на цела Европа името што моментно доминира во неколку земји е Ноа.

Сподели ја оваа статија