Одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ: Средба Мицкоски – Макрон во Будимпешта

На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива.

Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, пишува Мицкоски во својата објава.

Сподели ја оваа статија