Сопственикот на платформата Х, Илон Маск, ја коментираше објавата на еден корисник, во која стави до знаење како би можел да изгледа превозот до далечни дестинации во иднина.
Пред седум години компанијата SpaceX, чиј основач е Маск, објави видео во кое се покажа како може да изгледа транспортот на иднината и како може да се стигне до кој било дел од нашата планета за помалку од еден час. Од Њујорк до Шангај би биле потребни само 39 минути (патување кое вообичаено трае околу 15 часа), додека лет од „Големото јаболко“ до Лондон би траел помалку од половина час.
Under Trump's FAA, @SpaceX could even get Starship Earth to Earth approved in a few years — Taking people from any city to any other city on Earth in under one hour. pic.twitter.com/vgYAzg8oaB
— ALEX (@ajtourville) November 6, 2024
О-ва сега е возможно, напиша Маск на платформата X, одговарајќи на коментар за вселенските летови на корисниците на таа платформа.
Еден корисник напишал дека, под Трамп, Федералната управа за цивилни летови може за неколку години да му даде дозвола на SpaceX за летови на Starship кои ќе ги поврзуваат градовите на планетата за помалку од еден час. Така, наместо повеќечасовни летови, ракетата ќе стигне до посакуваната дестинација оддалечена илјадници километри за помалку од 60 минути или за помалку од половина час.
Можеме да видиме како е тоа замислено во видеото на Space X. Патниците прво се качуваат на брод кој ги транспортира до лансирната рампа на која се наоѓа Starship, најголемата ракета некогаш направена. Во Starship треба да има место за околу илјада патници, а по лансирањето и краткиот лет, ракетата треба да слета на посебна платформа.
Деталите за ваквите летови се уште не се познати, а она што се знае е дека цената нема да биде за секого, а за очекување е летовите да не бидат најудобни.
За време на ваквите летови, претходно изјави Маск, нема да може да се оди во тоалет, ниту пак да се служи храна, но смета дека тоа нема да биде проблем поради нивното кратко траење.
Иако Маск вели дека такво нешто е веќе возможно, се претпоставува дека ќе помине многу време додека ваквите ракетни транспортни возила можат да станат широко достапни.