Опериран таткото на Новак Ѓоковиќ

Срѓан Ѓоковиќ денеска е опериран во Клиничкиот центар на Србија.Таткото на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ бил опериран поради компликации кои настанале по скршеницата на раката во април.

Срѓан пред неколку дена бил примен на инфективната клиника во Белград поради компликации на десната рака, кога било утврдено дека со нова операција ќе се реши проблемот.

Тој беше опериран на коската која ги поврзува рамото и лактот на десната рака, односно хумерус, како што го нарекуваат во медицината. Причина за итната интервенција била појавата на течност која почнала да му излегува од раката на местото на претходната операција.

Сподели ја оваа статија