Општа тепачка во руското дерби помеѓу Спартак и ЦСКА (ВИДЕО)

Спартак Москва со 2:0 славеше во дербито од 14. коло во руското првенство, а овој натпревар остана во сенка на инцидентот кој се случи на почетокот од второто полувреме.

Инцидентот започна поради дивеењето на фудбалерот на ЦСКА, Вилијан кој прво грубо стартуваше, а потоа им удри боксови на противничките фудбалери Литвинов и Бабиќ.

На теренот следуваше општ хаос кој резултираше со црвени картони за Вилијан, но и за Литвинов. ЦСКА во продолжение остана и без Обљаков. Победата за Спартак ја обезбедија Богонда и Медина.

Сподели ја оваа статија