Пендиков не бил тепан поради национална омраза, рекоа адвокатите на обвинетите на денешното судење

Во охридскиот основен суд, денеска од почеток започна постапката против Илија Спасески и Борче Ангелоски, кои беа обвинети за тепањето на Христијан Пендиков кој се чувствува за Бугарин, а по случајот доби и државјанство на Бугарија.

Пендиков не присуствуваше во судницата, но обвинетите одбија вина за овој случај, и преку нивните адвокати се изјаснија дека не го тепале поради национална омраза.

Сведокот Гоце Спасески, татко на првообвинетиот рече дека не постои национална омраза. Спасески рече дека за време на потонувањето на бродот Илинден, тој лично учествувал во спасителната акција и добил Орден и од Бугарија, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Судот треба дополнително да одлучи дали ЦД со изјава на Педников за бугарска ТВ ќе биде прифатено како доказ. Споре одбраната тој доказ е потребен за утврдување на правната вистина и да докаже дека оштетениот немал повреди, затоа што присуствувал на интервјуто.

Адвокатот на Пендиков пак се противи изјавата на Пендиков да биде доказ, оти снимката не била релевантна.

Сподели ја оваа статија