Пи Диди сака да се открие идентитетот на лицата кои го тужат за сексуална злоупотреба

Според странските медиуми, хип-хоп магнатот, рапер и продуцент Шон Диди Комбс или Пи Диди поднел барање до судот во Менхетен за откривање на идентитетот на лицата кои го тужеле за сексуална злоупотреба и трговија со луѓе.

Неговиот правен тим му се обратил на судијата Арун Субраманијан, нагласувајќи ја потребата од идентификување на обвинителите за да се подготват за судењето закажано за 5 мај следната година.

Адвокатите на контроверзниот Диди нагласиле дека случајот е уникатен поради бројот на поединци кои се појавија во досегашниот дела од процесот. Според нив тоа е резултат на статусот на нивниот клиент на славна личност и широката медиумска покриеност.

– Овие наводи создаваат наплив на обвинувања, од лажни до апсурдни – изјавија адвокатите на Диди. Во меѓувреме, уште шест анонимни тужители поднесоа граѓански тужби против Комбс, а адвокатот што ги застапува тужителите рече дека неговата канцеларија примила илјадници повици во изминатата недела. Тој најави дека ќе претставува дури 120 луѓе.

Адвокатите на раперот изразија загриженост за „хистеричниот медиумски циркус“ што произлезе од овие наводи

Сподели ја оваа статија