Полубратот на Тупак го прекина молкот: Откри детали од разговорот со Диди во врска со убиството на раперот

Мопрем Шакур, полубратот на убиениот рапер Тупак Шакур, го прекина молкот и конечно проговори по неодамнешното апсење на раперот Пи Диди.

Имено, тој во емисијата на Пирс Морган зборуваше за наводната вмешаност на Диди во пукањето во 1996 година во кое животот го загуби Тупак.

Мопрем рече дека не бил сигурен дали Диди бил искрен кога рекол дека не бил вмешан во убиството на хип-хоп иконата во 1996 година.

Тој, исто така, се присети дека се сретнал со уапсениот рапер години по пукањето и рече дека Комбс го уверувал во неговата невиност.

-Диди всушност рече дека нема никаква врска со убиството на брат ми, рече Мопрем.

„Му реков: „Вистината допрва треба да излезе на виделина, па ќе видиме“. И еве сме, 27, 28 години подоцна, се уште се сомневам во таа негова изјава“, откри во емисијата полубратот на Тупак.

На прашањето дали верува дека Диди лаже, Мопрем потврдува.

„Многу е можно, некако така изгледа според мене“.

Семејството на починатиот рапер го ангажираше познатиот адвокат Алекс Спир да ја истражи можната поврзаност меѓу убиството на Тупак и Диди.

Сподели ја оваа статија