Љупчо Палевски бараше од мене да го прашам мојот другар кој е имотен да инвестира да се заврши зградата “Тифани”, изјави денеска Ламбе Вучков, сведок на обвинителството, кој е поранешен полицаец.
Вучков се присети дека во тој период Палевски бил слаб со пари. Затоа, Палчо на другарот на Вучков му ги понудил локациите за згради во Центар за кој тврдел дека имал добиено одобрение за градба, но подоцна се покажало дека не постојат како локации.
-15.000 евра кои познаник требало да ги однесе кај Палчо, 3.000 си ги ставил во џеб. Парите до ден денеска не се вратени. Му кажав подоцна дека парите што се дадени треба да бидат вратени бидејќи од локациите нема ништо – објасни сведокот.
Секогаш кога ќе се виделе Палчо го убедувал дека и тој чека некои пари и оти сигурно ќе му ги врати.
Му се јавил потоа и од Белград и му рекол оти Влатко Кешишев го информирал оти во партијата го барала полиција и дека дошле да земат некое возило пикап.
На почетокот на декември Палевски му се јавил и од Турција.
-Ми кажа дека заминал во Турција по работа-се присети Вучков.
Вучков потврди дека Палевски сѐ уште должи пари бидејќи тој морал да земе кредит да му ги даде на другарот бидејќи тој бил еден вид гарант.
Вучков на полициски функционери им кажал дека има контакт со Палевски и да му се обратат за да им каже каде е.
Но, никој не ми се јави мислејќи дека ќе направат којзнае каков случај. Јас му следен шест месеци по базни станици-откри сведокот.