Почина легендарниот голман на Хајдук: Поради Аркан избегал од Грција!

Тажната вест го потресе хрватскиот фудбал и клубот Хајдук, откако беше објавено дека на 63-годишна возраст почина легендарниот хрватски голман Тончи Габриќ.

Кариерата ја започна во РНК Сплит, а подоцна бранеше за Челик, Хајдук, Пазинка, ПАОК и Риека. Од 1994 до 1999 година беше втор голман на хрватската репрезентација по Дражен Ладиќ.

Долго време работеше како тренер на голманите, меѓу другото во Хајдук и во репрезентацијата на Замбија кај Аљош Асановиќ.

Кариерата ја заврши во 1999 година. Во едно од последните интервјуа, Тончи Габриќ за „Вечерњи лист“ зборуваше за периодот што го поминал во Солун, во дресот на ПАОК, посочувајќи дека тамошните навивачи не го сакале во тимот за време на војната во Југославија.

Би можел да ви раскажувам многу приказни. Една од тие приказни е онаа кога во 1993 година ми оставија закана на автомобилот со сплитски регистарски таблички. Едно утро, на паркингот, на шофершајбната ми осамна плакат од хрватската репрезентација во која бев и јас член, на кој имаше дупка и стрела на главата, со закана: Усташе, вака ќе завршиш…“ Аркан тогаш ги испраќаше своите војници на одмор во тој дел на Грција. Тој инцидент беше една од причините поради која ја напуштив Грција – изјави Габриќ за „Вечерњи“.

Сподели ја оваа статија