Почнува серија за Иво Андриќ, на неговиот погреб говорел нашиот Киро Глигоров

Новата играна серија „Нобеловац“ ќе почне да се емитува на 5 октомври на РТС. Клучните моменти од животот на Иво Андриќ ќе ги видиме во осум епизоди. За Андриќ има многу приказни и легенди, а една од најинтригантните е тоа што тој бил во масонските редови.

Тој единствен е во светот кој се сретнал со Гаврило Принцип, Хитлер и Сталин додека бил дипломат. На неговиот погреб говорел првиот македонски претседател Киро Глигоров.

Андриќ доцна се оженил, на 66-годишна возраст, со костимографката Милица Бабиќ. Немаше деца а почина како самотник.

Сподели ја оваа статија