Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Објавено December 4, 2025 09:45
Сподели
Сподели

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со воведни зборови на одбраната, откако на минатото рочиште, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар.

Дел од нив упатија сочувство кон семејствата на жртвите и нагласија дека го разбираат обвинението, но, не признаа вина за „тешки дела против општата сигурност“.

На минатото рочиште воведни говори даде одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот. Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението.

Адвокатите нагласија дека нивните клиенти не презеле дејствија кои би имале директна врска со трагичниот настан, и дека поседувале валидна документација. Тие најавија изведување на докази и сведоци кои, според нив, ќе потврдат дека обвинетите не се одговорни за пожарот и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на лична вина.

Претходно, сопственикот на клубот „Пулс“, Дејан Јованов, во своето воведно излагање пред судот истакна дека и по девет месеци затвор не може да поверува во трагедијата што се случила. Тој нагласи дека како родител никогаш не би дозволил да недостига нешто во клубот каде што се собираат младите, меѓу кои и неговите деца.

Јованов изрази сочувство кон семејствата на загинатите и повредените, додавајќи дека и неговото семејство ја носи истата болка.

Во воведниот збор за третообвинетиот Михаил Јованов, неговата бранителка изјави дека обвинителството не обезбедило ниту еден доказ против нејзиниот клиент и не прецизирало конкретно дејствие што му се става на товар. Таа оцени дека Јованов е обвинет единствено поради тоа што е син на сопственикот на дискотеката.

Најави дека одбраната ќе презентира документи и сведоци кои ќе потврдат дека Јованов не бил дел од управувањето со клубот, туку бил студент и сопственик на своја фирма.

Адвокатот Благоја Јованов, бранител на Митко Стојанов, директор на „МММ кафе“, истакна дека обвинението против неговиот клиент е неосновано и дека нема директна причинско-последична врска меѓу неговите постапки и пожарот.

Бранителката на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, истакна дека договорот за закуп бил склучен за периодот од 1.12.2012 до 1.12.2022 година и дека постапката за издавање е законита. Адвокатката Лидија Ристовска, потенцираше, дека Милковски поседувал валидна документација при издавањето, не учествувал во градежни активности и не дал согласност за адаптација на внатрешниот простор.

Адвокатот на обвинетата Милка Едровска, проектант во Венци Проект, образложи дека Едровска била ангажирана само за изработка на сообраќајно решение за паркинг места, а не за комплетен проект. Додека, Едровска нагласи дека постапувала професионално во рамки на своите овластувања и дека фирмата нема никаква врска со пожарот. Како што рече, при увид на лице место констатирала дека магацинскиот објект е адаптиран во дискотека, но тоа не било нејзина одговорност.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се најнемилосрдните хороскопски знаци:
Следна Статија Конзервативци водат на изборите во Хондурас, покажуваат раните резултати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

„Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! На денешниов голем празник, уште еднаш им…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на Конференцијата CPAC во Вашингтон

-Обраќање на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон, пишува во својата објава на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шеесет и два балона со имињата на загинатите во пожарот во Кочани пуштени во воздух, одржана и комеморација

Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот од 16 март годинава во дискотеката „Пулс“, попладнево  во Центарот…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД. -Срдечни честитки по…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?