Редица пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје за подигнување на ваучерите за инвертери

Пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ утрово стотици луѓе чекаат ред за да ги земат ваучерите за инвертер клими. Редиците се направени бидејќи Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини реши дека од денеска почнува доделувањето. За сите останати кои денеска нема да успеат да ги подигнат ваучерите, истото ќе можат да го направат во простириите на Министерството до крајот на месецов.

Ваучерите се доделуваат во Центрите за вработување низ градовите од државата во терминот од 9 до 15 часот, освен во Битола каде спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе работи до 17 часот за граѓаните од Битола, Новаци и Могила и во Скопје, во Спортски центар „Борис Трајковски“ од 9 до 17 часот.

За овој проект обезбедени се 4,1 милион евра или има пари за околу 6.000 ваучери.

Сподели ја оваа статија