Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светската економија функционира, не ѝ се заканува рецесија, уверува шефицата на ММФ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Светската економија функционира, не ѝ се заканува рецесија, уверува шефицата на ММФ
Blog

Светската економија функционира, не ѝ се заканува рецесија, уверува шефицата на ММФ

Објавено April 18, 2025 19:12
Сподели
Сподели

Светската економија функционира и покрај изразената неизвесност поради ескалацијата на царинските војни, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупредувајќи, сепак, дека негативната перцепција може да влијае на економската активност.

„Трговските тензии се како вода што се загрева во тенџере, меурчињата се појавија веќе одамна, а сега зовре“, рече Георгиева во четвртокот во говорот во Вашингтон.

Глобалната економска интеграција извлече многу луѓе од сиромаштија и ги подигна стандардите ширум светот, но не сите победија во тој процес; некои заедници се „тажни“ поради губењето на работните места во странство, објаснува шефицата на ММФ.

Понудата на евтина работна сила ги задржа платите, а прекините во глобалните синџири на снабдување ги зголемија цените, додаде таа.

Царините и нецаринските бариери создадоа негативен впечаток кај луѓето за мултилатералниот систем кој не обезбеди еднакви позиции за сите.

Трговската нерамнотежа поттикна тензии, а дополнителен фактор е аргументот за националната безбедност, рече Георгиева, истакнувајќи дека „во мултиполарен свет можеби е поважно каде се произведуваат стоките отколку што чинат“.

Проблемите на големите

„Логиката на националната безбедност диктира дека широк спектар на стратешки добра, кои се движат од компјутерски чипови до челик, мора да се произведуваат дома“, вели шефицата на ММФ, заклучувајќи дека светот „сведочи на враќање на принципот на самодоволност“.

Последиците од таквиот тренд се значајни, додаде таа, наведувајќи го примерот со царините.

Во изминатите неколку седмици САД ги зголемија царините на највисоко ниво во последните неколку децении, а другите земји одговорија на истиот начин.

Конфликтот меѓу големите економии се прелева и во помалите земји, нагласи таа.

„Кина, ЕУ и САД се трите најголеми увозници во светот и покрај релативно нискиот удел на увозот во БДП-то. Што значи тоа? Големината е важна, нивните потези, исто така, влијаат на остатокот од светот.

Бранот царини ќе ги пренасочи стоките во други земји и „некои сектори во некои земји“ би можеле да бидат преплавени со евтин увоз, додека други би можеле да се соочат со недостиг.

Поплаки

Трговијата продолжува, но прекините, вели таа, носат трошоци.

ММФ значително ќе ги намали прогнозите за раст следната седмица, најави Георгиева, но на економијата не ѝ се заканува рецесија.

„Гледаме дека реалната економија функционира, пазарите на труд остануваат прилично силни (…), а финансискиот систем сè уште се држи, и покрај големата нервоза. Но, негативните перцепции можат да влијаат на економската активност“, додаде таа.

САД и Кина имаат трговски поплаки, Вашингтон се жали на односот на Кина кон интелектуалната сопственост и кинеските нецарински бариери, а Кина бара дијалог за да ги стави двете економии на поцврсти основи.

Важно е двете водечки светски економии да ја ублажат неизвесноста и да постигнат договор за поправеден трговски систем заснован на правил… Би сакале да видиме ублажување на неизвесноста, а тоа ќе биде тешко да се постигне кога двете најголеми економии сè уште бараат основа и кога, очигледно, од глобална економска перспектива, важно е исходот од сето ова да биде поправеден систем заснован на правила“, рече Георгиева.

На Европската унија ѝ се потребни дополнителни реформи за „да се подобри конкурентноста преку зајакнување на единствениот пазар, тврди таа, залагајќи се за унија на пазарите на капитал и помали ограничувања на внатрешната трговија со услуги.

Соединетите држави, исто така, треба да го решат својот зголемен национален долг, кој „ќе ја зајакне отпорноста и ќе го намали дефицитот на тековната сметка“.

„Потребна ни е поотпорна глобална економија“, заклучи меѓу другото шефицата на ММФ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари за БГНЕС: Уставот мора да се промени, оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје и да започнеме преговори со ЕУ
Следна Статија Oва е Матео, готвачот што ослабна 89 килограми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Мекдоналдс претрпе најголем пад во продажбата од пандемијата

Мекдоналдс претрпе најголем пад во продажбата, кој во САД е најсилен од врвот на Ковид-19. Падот, за кој компанијата соопшти…

May 2, 2025
Blog

„Дојденците“ во Брисел задоволни од условите за живот во градот, но не и од хигиената

Странците кои живеат во Регионот на Брисел генерално се многу задоволни од условите за живот, но се жалат поради недоволната…

October 13, 2024
Blog

Биткоинот надмина 100.000 долари за прв пат во историјата

Цената на биткоинот ја надмина границата од 100.000 долари за прв пат, достигнувајќи ново рекордно високо ниво. Вредноста на најпознатата…

December 5, 2024
BlogБАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСВЕТ

Продажбата на автомобили во ЕУ опаѓа а во Македонија расте

Good web design has visual weight, is optimized for various devices, and has content that is prioritized for the medium.…

September 22, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?