Силјановска Давкова ги помилува Талевски и братот на Шенки Версаче

По укажување на Комисијата за помилување, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го помилува поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, објави попладнево ТВ Телма.

Комисијата, како што пренесува телевизијата, го уважила барањето на Талески и неговите адвокати во делот на намалување на казната и целосно ослободување и прифатила делумно намалување на остатокот од затворската казна.

Талески е во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и доби намалување од една година. За доиздржување му останува казна затвор за околу три години.

Се сомничеше за финансиски злоупотреби за превоз на ученици од тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО), за што беше формиран предметот „Транспортер“.

Покрај Талевски медиумите објавија дека Давкова го помилуваше и Шенол Маслани, братот на Шенки Версаче.

Шенол Маслани се најде во полицискиот билтен во 2019 година по спроведена акција на полицијата.

Тогаш полицијата се сомневаше дека тој е еден од 12 члената група која се заканувала на полициски службеник, пуштала во промет дрога и поседувала пушки и пиштоли. Но против него тогаш не беше поднесена кривична пријава.

Во јавноста попознат е неговиот брат „Шенки Версаче“ кој е сопственик на кафе барот „Версаче“. Логото на „Версаче“ го става на автомобилите и фасадата на куќата, а ги полнеше трач рубриките како следбеник на брендот со потрошени стотици илјади евра.

Сподели ја оваа статија