Скандал во ракометниот Куп на Македонија, ракометарки си постигнуваа автоголови (ВИДЕО)

Скандал во ракометниот Куп на Македонија, ракометарки си постигнуваа автоголови, министерот Ристовски најави одземање на лиценците за натпреварување.

Натпреварот Скопје – Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени. Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат.

Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши. На крајот Гевгелија победи со 17:16.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, во вчерашното гостување на ТВ Сител изјави дека в понеделник на двете екипи ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт.

Сподели ја оваа статија