Смешен момент кој го освои интернетот: Џеф Безос падна во дупка додека ја чекаше својата вереница од вселената (ВИДЕО)

- Advertisement -

Основачот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос, падна во дупка во пустината во Тексас додека трчаше да ја пречека својата свршеница Лорен Санчез од вселената.

Како што може да се види на преносот во живо на снимањето на лансирањето, Џеф Безос возбудено трчаше околу капсулата во која беше неговата свршеница. Меѓутоа, додека гледаше низ прозорците на кабината, во еден момент падна во дупка. Видеото брзо стана хит на социјалните мрежи, а некои решија и да се пошегуваат.

„Џеф Безос по ударот на царините“, „Ова е смешниот момент Џеф Безос се сопна токму кога требаше да ја поздрави женската екипа на Blue Origin. Додека некои ја бакнуваа земјата како симбол на емоции и почит, тој тоа го правеше претходно, но не по своја волја“, „Мисијата беше историска, но неговиот пад беше шлаг на тортата“, теренот по кој оди Ако некогаш отиде на Месечината, веројатно би го изгубиле некако да испливаме од површината или да му го искинеме оделото на мала карпа“, беа некои од коментарите.

Сподели ја оваа статија