Снимката од синот на Илон Маск додека го изговара своето име („X Æ A-12“) го „сруши“ интернетот

Едно од дванаесетте деца на најбогатиот човек во светот, милијардерот Илон Маск, влета во кадарот додека неговиот татко даваше интервју кај познатиот новинар Такер Карлсон. Детето го изговори своето необично име, X Æ A-12.

Според мајката на X Æ A-12, пејачката Грајмс која му беше партнерка на Маск до 2021 година, „X“  во името означува непозната променлива, „Æ“ е елфски начин на пишување вештачка интелигенција, но исто така е и збор за љубов на неколку јазици, како што е јапонскиот.

Во врска со „А-12“ Грајмс рекла дека тоа е тип на авион претходник на типот СР-17, кој им бил омилен на неа и на Маск во тоа време.

Сподели ја оваа статија