Македонија се наоѓа на 78. место во светот според девизните резерви во злато од 6,89 тони, покажува најновиот извештај на Светскиот совет за злато (ВГЦ).
Според Народната банка на Република Македонија, златото учествува со 11,9 проценти во вкупните девизни резерви на земјава, кои во септември годинава изнесуваа 4,406.6 милијарди евра.
Според моментната цена на златото на светските берзи од 2.721,12 американски долари за унца, македонското вреди 516,57 милиони долари.
За споредба, меѓу ексјугословенските републики најмногу златни резерви има Србија – 47,4 тони за 53. место во светот, а зад Македонија се Словенија со 3,17 тони за 91. место, Босна и Херцеговина со 1,5 тони за 100. место, а Хрватска воопшто нема монетарно злато.
Од земјите во регионот Грција има 114,49 тони, а Бугарија 40,87 тони.
Најмногу златни резерви имаат САД од 8.133,46 тони.