Тетовчанка си ја претепала ќерката па земала нож и тргнала кон неа – синот се пресекол во обид да и го земе

Вчера околу полноќ од страна на полицијата била уапсена 53-годишната А.Б. од Тетово. Таа била пријавена дека околу 17:30 часот во семејниот дом физички ја нападнала нивната малолетна ќерка, а при нападот зела и остар предмет, со кој при обид да ѝ го земе од рацете, нејзиниот син се пресекол.

Нападот го пријавил нејзинот 66-годишен сопруг.

Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок.

Сподели ја оваа статија