Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, на денешната прес-конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се осум лица, меѓу кои еден малолетник.
– МВР одговори максимално брзо, нема да да дозволиме ваков вид на дејствија и подгорување на меѓуетнички тензии. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи, а некои делумно. Уапсени се 8 лица од страна на полицијата. Четири лица меѓу кои и малолетник за сквернарење на македонското знаме, информираше министерот Тошковски.