Трајановски: За максимум четири години ќе бидат завршени сите делници што ги гради „Бехтел и Енка “

Откочени се одредени процеси со „Бехтел и Енка“ и во наредните максимум четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите 8 и 10-д, вели во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски.

Би можел да ви кажам сега во комуникација со ’Бехтел и Енка’ и откако успеавме одредени процеси да ги откочиме, одредени неопходни работи да почнат да работат, веќе сме во предност. Прилеп – Битола некаде би требало да биде две до две и пол години, да речеме за три максимум да биде завршен. Слична е ситуацијата со Тетово – Гостивар, а Гостивар – Букојчани можеби една година плус. Така што, тоа ќе бидат роковите“,

Дополнително, тој вели дека претходната влада бавно го работела процесот на експропријација и дека тој како нов директор за два месеца истуркал повеќе постапки отколку неговиот претходник.

„Ние наследивме состојба во којашто за една година, за сите делници, биле експроприрани 1 117 катастарски парцели. Откако сум јас дојден, ние имаме направено за два месеца 2 400 и нешто парцели односно 2 500“,рече Трајановски.

Автопатите кои треба да бидат завршени се дел од договорот меѓу Владата и американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Тој беше потпишан на 8 март 2023 година, а со него е предвидена изградба на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8 и на Прилеп – Битола од Коридорот 10-д.

Според проектот, делницата Тетово – Гостивар изнесува над 17 км, Гостивар – Букојчани 30,3 км, Требеништа – Струга – Ќафасан се 22 км автопат, а Прилеп – Битола 40 км, изјави Трајановски.

Извор: https://360stepeni.mk/trajanovski-za-maksimum-chetiri-godini-ke-bidat-zavrsheni-site-avtopatski-delnitsi-shto-gi-gradat-behtel-i-enka/

Сподели ја оваа статија