Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уверува дека украинските сили „цврсто ги држат“ позициите во регионот Курск, иако руската војска се обидува да ги истисне преку границата.

„Што се однесува до операцијата Курск, Русија се обиде да ги потисне нашите позиции, но ние се држиме“, тврдеше Зеленски во вечерното радио обраќање во саботата.

Риското Министерство за одбрана оваа седмица објави дека неговите единици ја повратиле контролата над двасеттина села и населби, за повеќе од половина преполувајќи ја територијата под украинска контрола и најави дека ќе продолжи со операциите со кои им нанесува „тешки загуби во жива сила и опрема“ со кои ги истисну украинските сили од руската територија.

Зеленски призна дека украинскиот упад во регионот Курск во август бил наводно осмислен да ги повлече руските војски од позициите во источна Украина, каде што тие сепак продолжија со бавното но секојдневно напредување последните месеци, а Москва во Курск ангажираше еиници од внатрешноста.

Особено, како што се тврди во Киев, украинската војска се надевала дека ќе создаде тампон зона во близина на границата за да го ограничат руското бомбардирање на украинските погранични населби, истовремено принудувајќи ја Русија да ги прераспореди своите офанзивни единици во близина на Доњецк и на тој начин да го забави нивното напредување.

Меѓутоа, руските трупи продолжуваат да напредуваат во источна Украина, особено кон Покровск, клучен логистички и команден центар за украинските сили уште од граѓанската војна во 2014 година.

Ова во саботата го призна и Зеленски, велејќи дека ситуацијата на украинските сили во источниот регион на Доњецк и во јужниот дел на Запорожје е „многу тешка“.

Сподели ја оваа статија